
СДСМ ја почна изборната кампања. Денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски и Мила Царовска, носителка на Изборната единица 1 на Коалицијата предводена од СДСМ, делеа заштитни маски и флаери во Куманово.
Од фотографиите може да се забележи дека и Спасовски и Царовска не носат заштитни ракавици, не одржуваат растојание и не ги почитуваат мерките и препораките кои се на сила во услови на епидемија од Ковид 19.
Сепак, како што деновиве СДСМ оркестрирано и во хор повторува дека брзи избори се решение и неопходност, па и во услови на секојдневно ново дијагностицирани случаи на заразени од коронавирус, јасно е дека изборите ги ставаат пред здравјето на граѓаните.
Оттаму и сликите кои треба партијата да ја претстават во грижливо светло, е само неискрен однос и политичка манипулација.