
Фудбалерите на БАТЕ Борисов се победници на белорускиот куп откако во финалниот натпревар одигран во Минск пред 5.700 гледачи на продолжетоци го совладаа Динамо од Брест со 1:0.
Единствениот погодок на мечот го постигна Захар Волков во првата минута од судиското продолжение на продолжетоците.
Натпреварот се одигра на стадионот на Динамо Минск кој има капацитет до 40.000 гледачи, меѓутоа во продажба беа пуштени само дел од влезниците поради епидемијата од коронавирусот. Сепак, поголем дел од навивачите не одржуваа растојание, бидејќи седеа во поголеми групи.
За БАТЕ Борисов ова е четвртата тутула во националниот куп, додека Динамо Брест остана на трите досега освоени наслови.
Во Белорусија фудбалските натпревари се играат цело време во текот на пандемијата, а во земјата не се забранеи ниту собири, ниту спортските манифестации со присуство на гледачи.
Во Белорусија во моментов се регистрирани 36.000 случаи на зараза со коронавиирусот, од кои има 199 смртни случаи.