Иранка на 107 години оздраве од коронавирусот

(Ali Shirband/Mizan News Agency via AP_

Жена на 107-годишна возраст оздравела по инфекција со новиот коронавирус, соопшти иранската новинаска агенција IRNA повикувајќи се на медицински извори.

„Жена од градот Шазенд, хоспитализирана во болницата ‘ајатолах Хоснари’ на возраст од 107 години, го победи короанвирусот“, изјавил за агенцијата IRNA, портпаролот на универзитетот за медицински науки во градот Арак, Јасер Корбани.

Според него, состојбата на пациентката Салтанат Акбари во моментов е задоволителна, меѓутоа поради нејзината возраст било решено да остане во болница под лекарски надзор уште неколку денови, сѐ додека потполно не закрепне.

Досега во Иран, од 19-ти февруари кога првпат здравствените власти известија за потврден случај на зараза со новиот коронавирус, потврдени се повеќе од 133.500 случаи на инфекција, од кои околу 7.400 завршија со смртен исход. Истовремено од болеста се опоравила 104.000 пациенти.

Ова не е најстарото лице излекувано од Covid-19 во светот. Рекордерка е 113-годишната Шпанка чиешто оздравување беше објавено на 12-ти мај. На почетокот од април беше објавено дека 107-годишна Холанѓанка го победила коронавирусот, откако седмица претходно оздраве од Covid-19 и 101-годишна нејзина сонародничка. И во Велика Британија, Франција и во Полска беа забележани неочекувани спектакуларни оздравувања на пациенти на 106 односно на 103 години. Во САД досега познат ваков е случајот на 104-годишниот Бил Лапсчис.