Реисот Реџепи: Ковид-19 можам слободно да го прогласам за умрен од денеска (ВИДЕО)

Поглаварот на исламската верска заедница на Македонија, реисот Сулејман Реџепи денеска пред џамијата на Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бајрам и порача дека вирусот ковид-19 е мртов, пренесува „ТВ 21“.

– Во наредниот период секогаш лошото да го победуваме и да знаете дека ковид-19 можам слободно да го прогласам дека е умрен од денеска, со оглед дека ние ја победивме и заради тоа сме тука пред џамијата, Господ е со нас. И кога е Господ со нас ние се чувствуваме најсилни во светот,  посочи тој.