
Американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани во неделата дека САД ќе им наметнат санкции на Кина и на властите на Хонгконг, доколку Пекинг го донесе навестениот закон за национална безбедност со кој ќе биде опфатена и територијата на оваа автономна покраина со специјален статус која до 1990-те беше британска колонија.
Поранешната колонија Хонгконг од 1842 година чиј суверенитет на 1-ви јули 1997 беше вратен на Кина според договорот кој во 1984 година го потпиша Велика Британија, го има статусот на Специјален административен регион на Народна Република Кина најмалку до 2047 година, според формулацијата „една земја, два система“. Според него, оваа територија може да задржи одредени слободи, како што е слободата на протест, на говорот и медиумите, и независен правосуден систем.
„Тешко е да се види како Хонгконг ќе остане азиски финансиски центар доколку го преземе Кина“, изјави специјалниот советник на САД за национална безбедност, Роберт О’Брајан во неделата за телевизиската мрежа NBC News.
О’Брајан додаде дека тоа би било „голема грешка“ на Пекинг. Предупреди дека „финансиската заедница“ во тој случај нема да остане во Хонгконг.
Појасни дека Стејт департментот нема да може да потврди дали Хонгконг го задржува „високото ниво на автономија“, а тоа ќе „доведе до правни импликации“. „Доколку тоа се случи, ќе има санкции и за Хонгконг и за Кина“, се закани О’Брајан.
„Сега, на 27 години пред истекот на овој период, се чини дека овој предлог-закон за националната безбедност, тие фактички ќе го окупираат Хонгконг, и доколку го сторат тоа државниот секретар (Мајк) Помпео веројатно нема да може даде потврда во согласност со законот од 1992 (…) и со законот од 2019 година за човековите права и домократијата во Хонгконг, дека Хонгконг ќе задржи голем степен на автономија“,
„Кина е зависна од капиталот од остатокот од светот. Доколку го загубат пристапот до него преку Хонгконг, тоа ќе биде голем удар за Кси Џинпинг и за Комунистичката партија на Кина“, уверен е американскиот функционер.
Претходно шефот на американската дипломатија Помпео рече дека секоја одлука на Кина која ќе влијае врз автономијата и слободите на Хонгконг ќе го натера Вашингтон да го ревидира својот пристап кој принципот „една земја, два система“. Додаде дека САД го осудуваат предлог-законот за национална безбедност кој го опфаќа и Хонгконг. „Тоа ги заобиколува неговите закодонавни процедури и ја игнорира волјата на народот“, додаде Помпео.
Како што претходно седмицава објави весникот South China Morning Post, законот за националната безбедност, кој е посебно разработен за Хонгконг, ќе предвидува забрана за сибверзивни и сепаратистички активности, сите форми на поттикнување насочени кон соборувањето на централната власт, како и тероризам и надворешно мешање. Според изворот на весникот, Пекинг дошол до заклучок дека законодавното собрание на Хонгконг не е во состојба да донесе документ за националната безбедност, имајќи ја предвид политичката клима во регионот, и затоа иницијативата е доставена на разгледување пред Секинеското собрание на народните претставници.
Пекинг објави нацрт-закон за национална безбедност според кој во Хонгконг би се воспоставиле кинески разузнавачки агенции. Овој документ во САД и во Велика Британија предизвика реакција за судбината на формулацијата „една земја, два система“.
Властите во Пекинг, како и во Хонгонг кои потекнуваат сега од ткн продемократски сили во автономната покраина кои се противат на поголемо мешање од централните кинески власт, тврдат дека предложениот закон е потребен и дека нема да ѝ наштети на автономијата на Хонгконг.
Во саботата околу двесте политичари од западот објавија соопштение во кое наведуваат дека предложениот закон наводно претставува „сеопфатен напад“ врз автономијата на Хонгконг, владеењето на правото и темелните слободи. Кина, пак, возврати дека вкавите обвинувања во прв ред се мешање во внатрешните работи на суверена земја, и ги отфрла стравувањата дека предложениот закон може да им наштети на странските инвестиции.