
Ерол Фетиов е лицето чие име беше обелоденето во материјалите објавени во Ла Верита како човек кој врши поткуп на гласачи во име на СДСМ.
За него тогаш беше објавено и дека е човек кој се фалел дека добивал пари од братот на Зоран Заев, Вице Заев.
Овој човек вршел откуп во 2014-та година, а тоа повторно го прави и во 2020-та.
Ова лице плаќало по 500 денари за доказ дека еден граѓанин гласал за СДСМ. Обвинителството поседувало инфпрмации, но соработникот на Заеви остана недопрен.
„Вилма Русковска имала СМС докази дека Фетиов располага со лични карти на гласачи, ако се вмровци да ги спречи да гласаат, ако се други да им даде 500 денари ако донесат слика доказ од гласачкото ливче дека гласале за СДСМ. Зошто не го повикала на разговор пајташот на Вице Заев“?
Вилма Русковска имала смс докази дека Фетиов “располага со лични карти” на гласачи, ако се вмровци да ги спречи да гласаат|ако се други да им даде 500 денари ако донесат слика доказ од гласачкото лифче дека гласале за СДСМ. Зошто не го повикала на разговор пајташот на Вице Заев? pic.twitter.com/CLUqvAba3P
— 🅰️псаана (@aps_aana) January 26, 2020
Доказ дека СДСМ повторно прави поткуп се појави и вчера. На доказите, истото лице Фетиов.