
Укинувањето на полициски час на целата територија на земјата е признавање на пораз и неможност за справување со епиденијата од корнавикрусот, истакна др Никола Пановски во текот на гостувањето во Отвореното студио на ТВ 24, и посичи дека смета оти треба да се преземат мерки во Сарај, Чаир и Аеродром каде има жаришта.
„За мене е неочекувано од медицински аспект,и не гледам зошто сега би се олабавиле мерките кога бројот на активни случаи расте, така што меркиве немаат оправдание од тој аспект. Друго е да паѓаат па да се очекува“, рече Пановски.
„Сметав дека и порано требаше да се донесе скратување на полицискиот час со зголемување на денот од 21 или 22 часот да биде. Границите, не знам за кого би се отвориле, први јуни е многу рано и дека никој нема да не прими на 1 јуни да одиме. Мене ме плаши зошто е потребно сега одеднаш да се укине полицискиот час“, додаде.
„Мислам дека младите кои три месеца се затворени ќе почнат да се собираат, да се враќаат во 5 сабајле и што ќе се случи таму кога ќе пијат од исто шише кога ќе иста марихуана или цигара итн. Ако има некој позитивен кај нив ќе ги донесат симптомите дома кај родителите или кај бабите и дедовците, тоа е оној страв кај мене“, посочу професорот Пановски.
Исткана и дека осввен непочитувањето на мерките, престана и транспарентноста на Министерството за здравство кое не соопштува каде се ширела болеста.
„Мерките требаше да се преземат кога почнаа да растат бројките точно на оние места каде имаше непочитување и со драконски казни. Сарај сега не е ништо подобар од Дебар кога го ставија во карантин. Никој не ни помислува, ниту градоначалникот на Сарај е загрижен, ниту граѓаните се нешто загрижени. Они со 35.000 жители имаат 50 активни случаи тоа по некоја формула имаат најмалку 500 активни случаи. Кога ќе споредите со општина Центар или Карпош се добива дека во таа општина има 10-тина пати повеќе новозаболени отколку во Центар и Карпош. Треба да се преземат мерки во Сарај, Чаир и Аеродром каде има жаришта. Укинување на полициски час на цела територија е признавање на пораз“, смета Пановски.