
Иако од поодамна се знаеше дека ќе замине во друг клуб, Магдебург денес преку социјалните мрежи му се заблагодари за неговиот придонес во екипата.
„Кузмановски е еден од најталнтираните бекови во Европа, во него има голем потенцијал. Ќе го набљудуваме и понатаму неговиот развој. Можеби повторно ќе соработуваме во иднина. Мене многу ми се допаѓа момчето и му посакувам се најдобро во понатамошната кариера“, истакна Вигерт.
Ова е петти клуб за Кузмановски во кариерата, а претходно ги бранеше боите на Пелистер, Металург и Еурофарм Работник.