Французите од речникот ги исфрлаат англиските изрази

Франција најави составување листа од алтернативни зборови за поимите на англиски јазик како „clickbait“, „podcast“ и „deepfake“, а Комисијата за збогатување на францускиот јазик (CELF) одлуката ја објави во службениот владин билтен.

Споменатото тело со години објавува препораки за француската лексика, во настојувањата да го искорени користењето на не-француските, во прв ред од англиското говорно подрачје, термини во францискиот јазик.

Меѓу изразите кои во текот на 2018 година успеаја да се одбранат од влијанието на англискиот јазик е и „fake news“ обилно користен во САД и во Европската унија. Од CELF на Французите им се препорачува да го користат изразот „information fallacieuse“, што значи погрешна информација а не лажна и се смета за попрецизно одредување.

Во овој случај се препорачува и употреба на зборот „infox“. Станува збор за нов француски збор, неологизам кој го сочинуваат два поима: „information“ (вест, информација) и „intoxication“ (труење) или скратено „intox“, што би значело „токсичен податок“.

За терминот „clickbait“, кој се користи за наслови коишто ги привлекуваат читателите да кликнат на линкот на веста, CELF го предлага изразот „piège à clics“, односно „клик стапица“ во слободен превод.

Комисијата советува и користење на изразот „audio à la demande“ (ААD) или „аудио на барање“ за англискиот збор „podcast“, како и „videotox infox“ односно „видеотоксичен податок“ за изразот „deepfake“, а станува збор за фотографии или видео снимки на кои лицето на една личност се монтирано на туѓо тело.

Оваа Комисија соработува со Француската академија формирана во 1635 година, за да осмисли алтернативни изрази и зборови на англиските, кои сѐ почесто се во секојдневната употреба во Франција. Така, „е-пошта“ на француски се озналува со „courriel“.

Англиските изрази и зборови се најчести во интернет просторот, па и другите европски јазици се трудат да ги изменат и прилагодата на сопствената лексика.