
Драган Ковачки поранешниот Полковник на Армијата на Република Македонија, а во врска со мапата којашто беше објавена од страна на министерката на одбрана Радмила Шеќеринска, за зоната на одговорност на Третиот пешадиски батаљон, мапа која открива дел од позициите на тој батаљон, вели дека не само што е направена грешна туку е направен и упад во воениот систем.
„Класифицираните податоци и нашиот однос кон нив за зоната на одговорност од класифицирани планови како дел од Армијата, и оваа мапа која е прикажана на фејсбук страницата на министерката на одбрана, како војник кога ќе погледнете ќе увидите дека има определени правци коишто се претставени таму. Ова се класифицирани работи и односот кон нив мора да биде на највисоко ниво, изработувачот на актот го има изработено ова како степен на доверливост“, појасни Ковачки.
Вели дека мапата сѐ уште стои на фејсбук страницата и покрај неговото инсистирање кон министерката да се отстрани мапата, поради тоа што станува збор за кривично дело казниво со казна затвор, таа сеуште стои.
Ковачки истакна дека не само што не смеете во оваа просторија каде што е мапата да внесувате фото и фоно уреди, а камо ли да ја сликате, да ја изнесете и да ја објавите во јавност доверливата мапа.
„Кој и да го направи истото ќе му биде покрената дисциплинска постапка, и ќе му биде одземен безбедносниот сертификат и ќе му биде покрената кривична постапка, без разлика дали станува збор за министер сите ние мора да ги почитуваме законите“, рече Ковачки.