
Секое шесто младо вработено лице ја загубило работата во текот на пандемијата на коронавирусот, покажало истражувањето на Меѓународната организација за труд (ILO).
Ова тело на Обединетите нации со седиште во Женева, исто така, утврдило дека кризата предизвикана од Covid-19 ги намалува шансите на младите да се вклучат на пазарот на трудот.
Десет отсто од студентите очекуваат дека нема да можат да го завршат своето сегашно образование, а поливината рекле дека нивното школување ќе биде одложено.
„Тоа предизвика голема загриженост за благосостојбата на младите луѓе“, изјави генералниот директор на ILO, Гај Ридер во текот на онлај-нрофингот за новинарете.
Зборувајќи за „карантинската генерација“ рекол дека таа ќе се соочи со помали надници и поголема невработеност во текот на следните неколку години.
Од ILO истакнуваат дека глобалната невработеноста минатата година и пред крузата од пандемијата изнесувале 13,6 отсто, повече отколку пред глобалната финансиска криза во 2008 година.
Во споменатата анкета учествувале повеќе од 11.000 испитаници, на возраст меѓу 18 и 29 години.