Каква порака носат цвеќињата?

Цвеќето е еден од најчестите подароци наменети за жените. Воглавно се подарува во некои посебни пригоди, но не е реткост цвеќето да се подари и како знак на љубов, почит или приврзаност кон жената. Различните сорти цвеќиња се разликуваат по својот облик, но и по симболиката која со себе ја носат. Така, во зависност пригодата, постојат некои правила или обичаи по кои се бира адекватното цвеќе за подарок.

Симболиката на цвеќето често може да ја одреди и нивната боја, па така црвените цветови се поврзуваат со страст и љубов, белите со невиност и почитување, жолтите се за среќа и радост, а сините за верност.

Без цвеќето не може да помине ниту една поважна манифестација или обред, тоа е секогаш присутно кога организираат венчавки, прослави, испраќања…

Во продолжение, дознајте со кои три цветови никогаш нема да погрешите.

Розите како вечен симбол на романтика

 

Како што покажуваат статистиките, розите се дефинитивно најпродаваните цвеќиња на светот. Тие се одличен подарок за секој повод и пригода. Воглавно се подаруваат рози во црвена боја, бидејќи тие се симбол на љубовта и страста, но и на
пријателството. Посебно значење, сепак, имаат розите без трње, чие дарување симболизира љубов на прв поглед. Таквото цвеќе подарено во важна пригода со себе носи некоја посебна тежина и смисла.

Лале – убавината е во едноставноста

Баш, како и розите, лалињата симболизираат љубов, страст и заљубеност, па сигурно нема да погрешите доколку ова цвеќе го изберете како подарок за саканата личност. Букетот со лалиња на најдобар начин да ја искажете својата вистинска љубов, а доколку сакате некому да му ја искажете својата пожртвуваност, тогаш
изберете лале во црвена боја.
Секако, лалињата не мора да се подаруваат само во букети, туку се достапни и во саксии.

Орхидеја – цвет кој носи среќа

Универзалните орхидеи порадди својот егзотичен изглед често се користат како украсно цвеќе во домовите, со нив се украсуваат салите за свадби, а често пати се користат и за декорација на женските фризури.
Поради својот излед се симбол на нежната убавина, па со нив воглавно се поврзува љубовта и чувствителноста.
Сезоната им е преку целата година, а во саксии можат да ве радуваат и повеќе години.
Она што е зачудувачки е фактот дека на светот постојат измеѓу дваесет и пет и триесет илјади видови на орхидеи. И она што многумина не знаат е дека орхидејата претставува цвет со кој се изразува почит. Доколку сакате да ѝ покажете на некоја дама колку ја цените, треба да и подарите орхидеја.
Цвеќето покрај искучително пријатниот мирис, има многу атрактивен изглед, па затоа и не зачудува фактот што многумина ја сакаат.

Покрај тоа, се советува секоја просторија во домот да има барем една билка, затоа што многу добро влијае врз здравјето создавајќи дополнителен кислород.