10.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Муцунски: Олабавувањето на мерките не треба да бидат изговор за одење на избори, ако анкетите велат дека 75 отсто од граѓаните не сакаат брзи парламентарни избори

Сите анкети покажуваат дека 75 отсто од граѓаните велат дека во Македонија не треба да има брзи парламентарни избори, првенствено затоа што луѓето сѐ уште се исплашени комотно да излезат од своите домови, а не пак да дојдат и да гласаат на избори, смета кандидатот за претеник на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Во емисијата “Патот кон“ на Алсат телевизија Муцунски истакна дека олабавувањето на мерките против ширењето на коронавирусот, не треба да служат како изговор за одење на брзи избори, затоа што за разлика од некои земји во регионот во кои има намалување или пак нема воопшто нови заболени од Covid-19, во земајта сѐ уште има висок број на новозаразени, но и на починати лица.

„Олабавувањето на мерките не треба да служат како изговор за одење на парламентарни избори, да не кажам утре. Практично, ние за три четири дена да ја започнеме кампањата. И реално, кога ќе ги прашаме граѓаните, сите анкети кажуваат дека 75 отсто од нашите граѓани велат дека не треба да има брзи избори. Доколку ние успееме да постигнеме консензус за нешто што кај граѓаните, условно ќе се толкува како брзо, ние тие 75 проценти треба да ги убедиме дека сме создале соодветни протоколи за да има поголема излезност“, рече Муцински.

Појасни дека сѐ уште не гледа убедување кај граѓаните дека тие се подготвени да бидат во контакт со кандидатите за пратеници но и да учествуваат во настаните на политичките партии, бидејќи изборите не се само денот на гласање, туку дека тие се комплексен процес.

„Не гледам сѐ уште убедување кај граѓаните дека тие се подготвени да бидат во контакт со кандидатите за пратеници, да учествуваат на настани од политичките партии, бидејќи ние изборите не треба да ги толкуваме само како изборниот ден, ние мора да го толкуваме како процес на претставување на кандидати, на процес на платформи. Не можеме ние да имаме Фејсбук Влада, избрана преку Фејзбук парламентарни избори“, додаде Муцински.

Мора да обезбедиме, продолжи Муцински, минимални нормални услови за да допре политичката порака, бидејќи во оваа кампања имаме потални спротиставени политички гледишта за тоа како треба да движи државата напред.

„А јас искрено, посакувам што побрзо да имаме функционален парламентарен состав, кој ќе има контрола врз Владата. И тој парламентарен состав ќе има обврска да направи ревизија на сѐ ова што се случувало во овој период на вонредна состојба“, децидно беше Муцински.