
Согласно уредбата со законска сила донесена од владата, породилното отсуство продолжува да важи до завршување на времените мерки за справување со вирусот ковид-19, со цел да се обезбеди заштита и грижа на децата, соопшти Министерството за здравство.
-Секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата.
Отсуството од работа на работничката поради бременост, раѓање и/или посвојување продолжува до завршување на времените мерки, а надоместокот на плата продолжува да се исплаќа сѐ до истекот на траењето на времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба – велат од Министерството.