
Кога се во прашање линиите на женското тело добро е познато дека модата се менувала со годините: од „заоблeни“ фигури, па до слаб „твиги“ изглед.
Интересно е да се види како во последните сто години паралелно се развивала и модата кај женската долна облека.
Модата во овој сегмент драстично еволуирала од убавите панталони со тантела од почетокот на векот, преку некои видови женски боксерки, па до корсет.
Се менуваат и границите, а магазинот „Гламур“ со ова видео потсетува и на бизарната фаза кога тангите задолжително „ѕиркаа“ под панталоните.