
Нивните аргументи се неубедливи, па и самите не си веруваат. Јасно е како ден дека по политички диктат панично промовираа лажна нормалност, иако секој ден граѓаните заболуваат и умираат од корона вирусот. Хаосот кој го создаваат во тоа брзање да му удоволат на Заев, само дополнително ќе го наруши кредибилитетот на институциите.
Очигледно дека на СДСМ не им е битно здравјето на граѓаните, туку битно им е како да го спасат Заев од дебакл на изборите. Поразот им е неминовен и тоа самите го знаат. Сега се обидуваат само како да го ублажат.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и граѓаните тоа го препознаваат. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија. Народот ќе ги прекине поразите кога Заев и СДСМ ќе изгубат на изборите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.