
Сакам да ја информирам јавноста дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ на денешната седница на советот на Општина Тетово, предложи сет мерки за намалување на комунални такси и комунални даноци, за да се излезе во пресрет на физичките лица и бизнис секторот, поради негативните финансиски ефекти од КОВИД 19.
Исто така предложивме и ослободување на родителите од трошоци за градинка за месеците март, април и мај.
За жал владеачкото мнозинство не дозволи да бидат на дневен ред предлозите кои беа наменети за директна помош на граѓаните и со тоа докажаа дека единствено ги штитат партиските интереси.
Фејсбук статус на Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ.