
Првпат во Европа лекарите од познатата миланска болница „Поликлинико“ изведоа транспалнтација на двете белодробни крила кај пациент кој претходно бил хоспитализиран поради респираторната болест Covid-19, чиј предизвикувач е новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Како што известува во четвртокот миланското електронско издаение Focus, операцијата била успешно изведена пред десет дена на 18-ти мај, а во моментов откако состојбата на пациентот не предизвикува загриженост и започнал да закрепнува, лекарите решиле тоа да го објават.
Се додава дека 18-годишниот Италијанец, кој се занимавал со спорт и имал атлетска градба, немал претходни хронични заболувања и друго ризични факори, но откако заболел од најтешката форма на Covid-19 два месеца минал на одделот за реанимација во болницата „Сан Рафаеле“. Во текот на целиот тој период бил поврзан на вештачки бели дробови и на екстракорпоралната циркулација, бидејќи коронавирусот речиси целосно ги унипштил неговите бели дробови. Лекарите заклучиле дека во таква сиуација, само трансплантација на белите дробови може да го спаси животот на младиот пациент.
„Трансплантацијата на белите дробови секогаш е сложена операција, но за нас претставуваше особено сериозен предизвик да ја изведеме врз пациент со Covid-19 кој се наоѓа во критична состојба“, изјавил за новинарите Марио Нозоти, директорот на одделот за за торакална хирургија во споменатата болница и водечки човек на Школата за специјализација во торакална хирургија при Универизитетот во Милано.
Пред операцијата, лекарите го лекувале пациентот од Covid-19 за да се избегне можноста вирусот да ги нападне новите органи, и веднаш откако се увериле дека вирусот е поразен, започнале да бараат соодветен донор, што траело две седмици. Според Нозоти, операцијата траела околу десет часа. Ја извеле два тима хирурузи, а уште еден тим бил подготвен во секој момент да се вклучи во опертивниот зафат.
„И покрај тоа што тестовите на коронавирусот кај пациентот дадоа негативен резултат, ги преземавме сите мерки за заштита на медицинскиот персонал од можна инфекција. Секако, неопходноста да се работи со специјални маски, заштитини визири со вентилација и двојни ракавици, им создаваше дополнителни тешкотии на хирурзите. И покрај тоа, операцијата беше успешна, а по нејзиното завршување пациентот е згрижен на оддел за интензивна нега, каде што се наоѓа во моментов“, додал Нозоти.
Пациентот е во свесна состојба, подвргнат е на физиотерапија со цел да се поврати функцијата на самостојни дишење.