
Јавноста е бесна откако минситерската за одбрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска позираше пред амблемите на УЧК и албанското знаме.
Наместо да реагира што во канцеларијата на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, каде што е направена сликана, нема истакната македонско знаме, туку терористички симболи, преку „Фејсбук“ статус Шекеринска за фотографијата порача:
Дејствијата од 2001 се далеку зад нас. Нашето општество ја надмина воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес, 19 години подоцна, кога сме членка на НАТО.
Во 2020 година најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер.