
Новиот поглавар на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Шакир Фетаи стапи на функција, а го наследува Сулејман Реџепи кој речиси 30 години беше исламски верски поглавар во Македонија.
Фетаи истакна дека ИВЗ одиграла важна улога во образувањето на младата генерација, што е важно за обезбедувањето на мирот и стабилноста.
Претходниот поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи вчера се огласи во јавност со соопштение, во кое се повлекува од фукцијата и вели дека е подготвен да одговара пред Бога и пред законот, ако некој смета дека направил пропусти.
Реџепи во писмото пишува дека врз него изминативе денови се водела жестока и навредлива кампања, на која тој не реагирал, затоа што сметал дека секој имал право да го каже своето мислење и став.