
Мајка и ќерка од скопската населба Карпош биле физички нападнати во нивниот дом.
Во СВР Скопје, 28-годипната С.П. Скопје, во петокот утрото во 02.40 часот, пријавила дека околу полноќ во семејниот дом на улицата „Никола Тесла“ таа и нејзината мајка 61-годишната В.П. биле физички нападнати од нејзиниот 59-годишен татко Љ.П. од Скопје, информира МВР.
Љ.П. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.