
ОВЕН
Работа: Сте успеале да ги решите проблемите на полето работа. Задоволни сте затоа што сте успеале да се докажете.
Љубов: Можно е да ви се допаѓа личност која ја сретнувате во своја близина. Наскоро ќе влезете во врска.
Здравје: Одлично се чувствувате.
БИК
Работа: Можно е да сте задатени и да имате голем број обврски. Често ви се случува да не можете да дигнете глава од работа.
Љубов: Ако сте сами, ви доаѓа прилика за нова љубов. Се се случува неочекувано.
Здравје: Водете сметка околу градниот кош.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Иако сте се надевале на промени на полето работа, во следната фаза судбината ви носи период на стагнација.
Љубов: Ако сте во врска, може да сметате на прилика со саканата личност некои работи да ги разјасните.
Здравје: Покачен притисок.
РАК
Работа: Денеска сте прилично декоцентрирани. Не ви е поволен ден за работа и немојте да очекувате премногу.
Љубов: Осаменоста не ви годи. Сонувате за голема љубов како и за почеток на врска или брак.
Здравје: Нервоза ве следи.
ЛАВ
Работа: Конечно доаѓа до позитивни промени на полето работа кај вас. Имате големо чувство на олеснување.
Љубов: Доколку сте во врска, со саканата личност планирате промени кои ќе бидат значајни од двете страни.
Здравје: Одлично.
ДЕВИЦА
Работа: Можно е да ви се укаже шанса да остварите некоја дополнителна заработка низ поголем работен ангажман.
Љубов: Моментално сте во врска која ги задоволува вашите потреби. Немате во план емотивни промени.
Здравје: Ќе ви годи вежбање.
ВАГА
Работа: Можно е да добиете поддршка за остварување на работните планови. Ве очекува поволен ден за кариерата.
Љубов: Очекувајте убав ден со саканата личност. Еден кон друг ги покажувате чувствата.
Здравје: Имате многу енергија.
ШКОРПИЈА
Работа: Задоволни сте од околностите на работното поле. Ова е период во кој треба да изразите благодарност за се што сте постигнале.
Љубов: Ви се допаѓа една нова личност на која не е лесно да и пријдете.
Здравје: Внесувајте повеќе витамини.
СТРЕЛЕЦ
Љубов: Може да очекувате добар ден на работа. Успешно ќе ги завршите сите работни задачи и обврски.
Љубов: Надевајте се на искрена љубов од страна на саканата личност. Чувствувате дека сте едно за друго.
Здравје: Внимавајте на крвниот притисок.
ЈАРЕЦ
Работа: Ве очекува период во кој ќе бидете наклонети кон неочекувани реакции во комуникацијата со соработниците.
Љубов: Чувствувате голема доза на љубов и приврзаност кон вашиот партнер. Среќни сте во вашиот брак.
Здравје: Мали проблеми со варењето.
ВОДОЛИЈА
Работа: Може да се надевате на добри пресврти на ова поле. Поволен период за унапредување на работните вештини.
Љубов: Ве очекува прилика за флерт со личност која ја посматрате веќе некое време.
Здравје: Проблеми со грлото.
РИБИ
Работа: Доаѓате до важни промени на работното поле. Ако бидете брзи во носење одлуки, ќе фатите некоја добра прилика.
Љубов: Вашите емоции кон саканата личност се длабоки и искрени.
Здравје: Немате никакви проблеми.