
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, порача во неделата дека луѓето се поважни од економијата, во периодот додека сѐ повеќе земји носат одлука со која брзина ќе ги олабавуваат карантинските мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.
Оваа зијава на папата Франциск дојде спонтано, на момент прекинувајќи да го чита подготвениот говод во првото обраќање од својот прозорец над Плоштадот на свети Петар, додека се ближи крајот на тримесечниот карантин во Италија.
„Важно е… Да се излекуваат луѓето, а не да се чуваат (парите) за помош на стопанството, да се излекуваат луѓето бидејќи тие се многу поважани од еконоијата. Ние, луѓето, сме храмовите на Светиот Дух, не економијата“, истакна Папата.
Многу земји носат одлуки дали и кога ќе ја отворат економијата во битката за зачувување на работните места и животниот стандард или ќе го задржат карантинот додека не бидат сигурни дека коронавирусот е целосно под контрола.
Зборовите на Папата беа дочакон со силно ракоплескање од стотиците луѓе присутни на плоштадот. Многумина од нив носеа заштитни маски и стоеја на неколку метри растојаени меѓу себе. Плоштадот на Свети Петар минатиот понеделник беше отворен за јавнсота. Во нормални околности на него во недела се собираат десетици илјади луѓе.
Последениот пат Папата ја говореше својата порака и даде благослов од истиот прозорец, на 1-ви март пред во Италија, каде од коронавирусот починаа над 33.000 лиѓе, да биде воведен карантинот. Последните ограничувања во Италија ќе бидат укинати во среда.
Папата во неделата изрази надеж дека светот од кризата ќе излезе пообединет, а не уште подлабоко подделен.
„Од ваква криза луѓето не излегуваат исто какви што биле. Ќе бидеме или подобри или полоши од претходно. Да имаме храброст да станеме подобри за позитивно да го градиме посткризниот период по пандемијата“, порача папата Франциск.