
Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири денеска објави дека е позитивен на коронавирусот. Пред три дена тој учествуваше на телевизиска дебата на ТВ 24, а на самиот почеток на емисијата тој изјави дека доаѓа од состанок со партискиот врв на СДСМ.
Прашањето кое сега се наметнува во јавноста е дали раководството на СДСМ сега ќе оди во самоизолција и карантин како што налагаат мерките и препораките од Владата.