Пановски за границите: Кој ќе нѐ прими со овие бројки новозаболени, споредено со Италија исто како таму да има 1800 нови случаеви дневно

И да се отворат границите, никој од земјите во регионот нема да не прими со ови бројки на ново заболени на Ковид-19 дневно, вели професорот Др. Никола Пановски, кој додава дека со вакви бројки Македонија единствено може да служи само за транзит.

„Не би имало ефект отворањето на границите во овој момент, бидејќи никој не би не примил. Кога би се отвориле границите тие ќе бидат отворени за грците да одат во Србија и србите во Грција, да проаѓаат во ртанзит, ако сакаат на нивна одговорност, меѓутоа јас не знам кој нас ќе не прими да одиме ако бројките растат“, рече Пановски.

Во емисијата „Детектор“ на Сител телевизија појасни дека ако нашите ново дијагностицирани дневно ги споредиме со Италија, која беше најпогодена држава во Европа, тогаш испаѓа као во Италија да има 1800 нови случаи дневно.

„Бидејќи нашите бројки сега ако се 60-тина дневно, да ги споредиме со Италија тоа е како во Италија да имате 1800 случаи дневно, на ден нови случаи. Така да ние би биле повеќе од тие најзагрозените земји. Не верувам дека некој би не примил, бар не некој од соседите“, констатираше др. Пановски.