
По информацијата дека потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, e заразен со коронавирус, Телевизија 24 ја информирапе јавноста дека новинарката Душица Мрѓа, која ја модерираше телевизиската дебатата меѓу Зекири и Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ се чувстува добро, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите.
„Во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите испочитувани се сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде беше присутен Зекири е дезинфицирано. Телевизија 24 продолжува непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија и протоколите за работа во услови на епидемија“, велат од телевизијата.