
Во последните 24 часа направени се 771 тестирање, а регистрирани се 62 нови случаи на Covid-19, и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Кочани-1, Гостивар-1, Валандово-1.
Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.
Во истиот перид починати се двајца пациенти. Од Гостивар и Струга.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1,552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.