
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и појава на грмежи.
Како што најавува УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде од 4 до 13, а максималната од 16 до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Според УХМР, до средината на наредната недела ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилно и потопло време.