(ВИДЕО) Началникот на АНБ во Битола во улога на партиски шеф на обезбедување

Златко Николовски, началник на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во улога на партиски шеф на обезбедување влегува во вербална расправија и се обидува да го одземе транспарентот на членови на УМС ВМРО ДПМНЕ од Битола.

По најава на статичното обезбедување на СДСМ дека членови на помладокот на на опозициската партија се ближат до местото каде што Радмила Шеќеринска требаше да држи говор. Началникот на АНБ во Битола, Златко Николовски, ја презема работата во свои раце и ги запира членовите на УМС.

Иако знаејќи дека нема овластување тоа да го прави и откако му е предочено дека не смее да им ги одзема транспарентите, напомош доаѓа полицаец, и ги евидентира членовите на УМС.