
Советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, е во изолација откако потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, објави во неделата дека е позитивен на коронавирусот.
Забрчанец имал состанок со Зекири во четврток, и како што вели тој самиот, бил на растојание од 1,5 метри, и носел заштитна маска.
Но за секој случај ќе остане во изолација, а во следната недела ќе направи и тест. Истакна дека нема никакви симптоми.