
„Канал 5“ објави неофицијална информација дека денеска на територија на Република Македонија се регистрирани најмалку 90 нови случаи на заразени од коронавирус а починати се најмалку 6 лица.
Вчера беа регистрирани 62 новозаразени со Ковид 19, најголемиот број беа од Скопје – 24, па потоа во Штип -14 и Тетово -12. Од Ковид 19 вчера имаше и два смртни случаи од Струга и Гостивар.