Филипче потврди дека се размислува за карантин во скопска Гази Баба и делови од Штип

Комисијата за заразни болести размислува за ставање во карантин на одредени скопски општини каде бројот на заболени постојано се зголемува, како и делови од Штип, потврди во понеделникот на прес-коференција, министерот за здравство Венко Филипче.

„Се размислува за карантин за Гази Баба, делови од Штип, како и враќање на полицискиот час по општини, но за тоа ќе се решава во текот на неделата“, рече Филипче.

Ваквите размислувања се поттикнати од показателите за бројот на новозаразените со коронаворусот последните два дена, или како што рече министерот, појаувањето на два нови кластера во скопската општина каде во понеделникот имаше 35 потврдени зарази и во населби во Штип каде се регистрирани уште 27 инфицирани.