Бројот на починатите од коронавирусот во Британија достигнал речиси 50.000

Бројот на смртните случаи поврзани со зараза од новиот коронавирус во Велика Британија во вторникот се приближил на 50.000, што предизвикува загриженост кај премиерот Борис Џонсон кој се обидува да ги ублажи рестриктивните мерки воведени за спречување на ширењето на заразата за да ја заживее економијата.

Бројот на смртните исходи во вторникот утрото изнесувал точно 49.646, што ги вклучува најновите податоци од Англија и Велст, како и претходните податоци од Шкотска и Северна Ирска, наведува агенцијата Reuters.

Во март главниот научен советник на британската влада процени дека задржувањето на бројот смртни случаи под 20.000 би бил „добар исход“, но веќе во април владта во Лондон како најлошо сценарио го процени она според коешто бојот на починатите би достигнал токму 50.000 лица.

Во британската влада имаат став дека е најважното тоа што здравствениот систем на земјата го издржал притисокот, и покрај фактот што се направени некои грешки во управувањето со здравствената краза во земјата по онаа од 1918 година, предизвикана од пандемијата на шпанскиот грип.

Бројките објавени во вторникот ги вклучуваат сите достапни податоци за случаи на зараза кај кои смртниот исход би можел да биде поврзан со зараза од коронавирусот, како што се и пациенти со претходни респираторни болести.