
На булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје вчера попладне непознато патничко возило удрило во пешакот 80-годишниот Ц.Б. од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.