Црнците и азијатите имаат најголема смртност од коронавирусот во Англија

До 50 отсто е поголема шансата црниците или азијатите во Англија да починат од коронавирусот отколу белците, покажува истражувањето на англискиот завод за јавно здравство објавено во вторникот.

Англискиот завод за јавно здравство (PHE) со новото истражување ги потврди резулатите од неколку претходно студии коишто укажуваа, исто така, дека малцинските групи се изложени на поголем ризик од коронавирусот.

Меѓутоа досега, сосема разбирливо поради чувствителноста на расната тема, немаше владини упатства коишто го адресираат проблемот.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека министерката за еднаквости Кеми Баденок, којашто инаку има нигериско потекло, да го разгледе ова прашање.

„Ќе делуваме колку што можеме побрзо. Нема да го чекаме извештајот“, рече Хенкок.

Според извештајот, лицата од банлгадешко потекло имаа околу двојно погоелма шанса да му подлегнат на коронавирусот, отколку белите Британци.

Лицата со потекло од Кина, Индија, Пакистан и другите азиски земји, пак, како и афроарабијците и другите црнци, имаат 10 до 50 отсто поглема смртност од Covid-19 отколку белите Британци, се наведува во извештајот на PHE.

Слични резултати дала и студијата на британската агенција за статистика, којашто беше објавена минатата седмица, потсетува Reuters.

Професорот Џон Њутн, која ја води британската програма за тестирање на коронавирусот, изјави дека поголемата смртност меѓу малцинствата не мода нужно да е поврзана со нивното етничко потекло.

„Тоа може да биде поврзано со нивните занимања или други причини за поголема изложеност на вирусот“, вели Њутн.