
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил посочи дека заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавачите и самовработените лица поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за месец мај.
Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени.
Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени.
https://www.facebook.com/PublicRevenueOffice/posts/579711992651537