10.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Милошоски по нападот врз Дурловски порача: Нема да нѐ заплашат насилниците на Заев

Поранешниот шеф на дипломатијата и пратеник од опозицската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција даде свој коментар по синоќешниот инцидент во кој советникот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Владата извршил вербален напад и закани кон носителот на кандидатската листа во Изборната единици 5, Игор Дурловски.

„Разговарав вчера со колегата Игор Дурловски, тој беше видно вознемирен од тоа што му се случило и тој уредно го пријавил овој настан. Нашиот коментар е следен: Господине Заев, Вашата нервоза може да си ја зачувате за Вас лично, знаеме дека се плашите од пораз, но вашите насилници и советници не ги користете за да се закануваат на нашите кандидати за пратеници. Нема да ги заплашите, само покажувате како ги злоупотребувате вашите ресурси, на кој начин сметате и сакате да учествувате на изборите, но истовремено не’ мотивирате уште повеќе вашиот пораз да биде посилен. Господинот Игор Дурловски за ваквиот немил настан и инцидент, направен од лице блиско до Зоран Заев и негов личен советник, ќе ги извести релевантните фактори на меѓународната заедница тука во Република Македонија“, истакна Милошоски.