
Откако вчера експресно Владата потврди дека од денеска во Скопје во 21 часот стартува 80 часовниот карантин кој ќе трае до понеделник до 5 часот наутро речиси граѓаните не се двоумеа многу, веднаш заминаа надвор од него.
Споениот викенд е добредојден за речиси сите граѓани кои имаат викендици надвор од главниот град, особено во местата каде рестриктивните мерки и карантинот не важат во целост.
Фотографиите до кои дојде редакцијата на КУРИР јасно покажуваат дека граѓаните сепак овој продолжен викенд нема да останат дома.