
На 04.06.2020 околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено има пукање во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“.
Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив сопственикот на објектот Б.Х.(36) изјавил дека три лица меѓусебно се расправале во моментот додека ги послужувал. Според неговата, пријава, веднаш потоа тие излегле надвор и по кратко време се слушнале неколку истрели.
На местото биле пронајдени четири чаури. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.