
Донаторите, од челниците на најразвиените земји во светот до фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, ветија во четвртокот дека ќе дадат 8,8 милијарди американски долари за прорамите за вакциниции во најсиромашните земји во светот.
Сумата од 8,8 милијарди долари, ветена во текот ан вируелниот соамит на Сојузот за вакцина (Gavi), на кој учествуваа претставници на повеќе од 50 земји и над 35 претседатели на држави и влади, значително е поголем од ветените 7,4 милијарди долари во периодот од следните пет години.
Средствата ќе се користат за продолжување на меѓународната кмапања за вакцинирање против сипаници, детска парализа и стомачен тифус којашто сериозно беше нарушена од пандемијата на новиот коронавирус.
На конференцијата требаше да бидат упатени и апели за финансирање на купувањето и производството на евентуалната идна вакцина за Covid-19, како и да се даде поддршка за нејзина дистрибуција во земјите во развој.
Сојузот за вакцина, меѓународна организација којашто се декларира дека врз основа на јавно-приватно партнерство сака да обезбеди подеднаков пристап до вакцините, планираше да собере две милијарди долари за вакцината против коронавирусот. Во четвртокот 12 донатори собрале вкупно 567 милиони долари почететн капитал, се наведува во соопштението за медиумите објавено ноќта кон петокот.
Домаќинот на донаториската конференција, британскиот премиер Борис Џонсон, ја пофали одлуката за „единствен настап“ кој ќе го „отвори патот на меѓународната соработка“, како и решителноста да се изнајде вакцина за новиот коронавирус.
Велика Британија е најголемиот уплаќач во Gavi со 1,85 милијарди долари, кои ќе ги издвои во следните пет години. Следи Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, со 1,6 милијарди долари, САД со 1,16 милијарди долари и Норвешка со милијарда долари. Франција вети 500 милиони евра и уште 100 милиони евра кога вакцината ќе биде готова.
Европската комисија објави во четвртокот дека најавила дека на Gavi во периодот од 2021 до 2025 година ќе ѝ додели 300 милиони евра за поддршка на имунизацијата на децата ширум светот и создавање резерви од вакцини за запштита од заразните болести,.
„Вакцината против Covid-19 мора да се смета за светско јавно добро, вакцина за сите луѓе“, изјави генералниот секратар на ОН Антониот Гутереш во видео обраќањето на отворањето на самитот, истакнувајќи дека многу светски чекници упатиле апели во истата смисла. Предупреди дека поради пандемијата на коронавирусот се прекинати многу кампања за вакцинирање. Гутереш истакнал дека 20 милиони деца не се целосно вакцинирани, а секое петто дете воопшто не е вакцинирано.