
Припадниците на екстремната десница и најрадикалните навивачки групи денеска одржаа антивладин протест во Рим, кога за кратко време дојде и до судир со полицијата и новинарите.
Неофашистите од екстремно десничарското движење „Форца Нуова”, исто така, поздравуваа со фашистичкиот поздрав, пренесуваат американските медиуми.
Неколкумина демонстранти во еден момент се обидоа да ги избркаат новинарите, фрлајќи шишиња и петарди кон нив. Реагираше кордонот полиција додека се приближуваше до демонстрантите, што беше проследено со неколкуминутна напнатост.