
Вчера попладне во невремето што ја зафати Битола, гром удри во штала над населбата Штрчин веднаш под месноста Смолево. Бил предизвикан пожар по што шталата целосно изгорела, а настрадале 80 овци, 50 јагниња и 3 јуници, кои биле внатре во шталата.
Од територијалната противпожарна единица во Битола интервенирале во 15 часот и 45 минути со две возила и 5 пожарникари, по двочасовна борба со огнот пожарот бил изгаснат, но стоката не можела да се спаси.
Од битолската пожарна велат дека предизвинака е голема материјална штета.