
Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио денес го укина полицискиот час во градот, еден ден пред предвиденото.
Најавил и дека во градот утре почнува првата фаза од повторното отворање по рестриктивните мерки воведени заради сузбивање на епидемијата на коронавирусот.
Полицискиот час бил воведен заради насилството, крадењето и оштетувањето на имотите во текот на протестите заради убиството на Џорџ Флојд.
„Го укинуваме полицискиот час, одлуката стапува на сила веднаш. Вчера и во претходната ноќ го видовме најдоброто лице на нашиот град“, навел Де Блазио на Твитер.
Тој најавил дека утре е „првиот голем чекот кон ресетирањето“ а граѓаните ги повикал да водат сметка за себе и за другите.