
На Нов Зеланд повеќе нема случаи на зараза со новиот коронавирус, и оваа земја ќе ги укине сите ограничувања, освен на границите, соопшти премиерката Џасинда Ардерн во понеделникот, со што оваа земја станува една првите кои се одлучија на ваков потег.
Владата ќе ги укиние мерките за физичко дистанцирање во понеделникот од полноќ по локално време, рече Ардерн на прес-конференција. Понеделникот е 17-от последователен ден без новозаразени на Нов Зеланд.
Јавните и приватните настани ќе може повторно да се одржуваат, а продавниците, угостителството и целиот јавен транспорт ќе можат да работат без мерките за физичкото дистанцирање, кои сѐ уште се на сила во светот.
„Иако ситуацијата е посигурна и подобра, сѐ уште нема лесен пат во животот пред Covid-19, но решителноста и фокусот на здравствениот одговор сега ќе се насочи на економската обнова. Иако сѐ уште не ја завршивме работата, не оспоруваме дека ова е пресврт. Затоа можам да завршам едноставно: Благодарам Нов Зеланд“, порача премиерката Ардерн.
Оваа островска земја во Тихиот Океан со околу пет милиони жители ја надвладеа епидемијата, додека големите економии, како САД, Велика Британија, Бразил и Индија, сѐ уште се справуваат со вирусот.
„Убедени сме дека сега го елиминиравме вирусот на Нов Зеланд, но елиминацијата не е работат на времето, туку на упорните напори“, истакна Ардерн.
Ограничувањеата на границите со изолација и карантин, и натаму остануваат на сила, додаде премиерката.
Нов Зеланд го регистрише првиот случај на коронавирусот кон крајот на февруари, а во моментов повеќе нема активни случаи, објави министерството за здравство. Земјата пријави 1.154 заразени и 22 починати од Covid-19.
Министерството за здравство, сепак, е претпазлово со прогласувањето „победа над вирусот“. Од таму истакнуваат дека елиминацијата не значи и дека вирусот е „трајно искоренет“, туку дека е запрен „синџирот на пренесување“, во моментот кога последното заразено лице ја напушти изолацијата. Земјата, исто така, мора „ефикасно да го спречи или сузбие секој иден случај увезен од странство“, се додава во соопштението.