
Фудбалерите на Баер од Леверкузен се првите финалисти во годинешното издание на Германскиот куп, откако во полуфиналниот дуел во вторникот како гости го совладаа четвртолигашот Заарбрикен со 3:0.
Популарните „Аптекари“ уште во првиот дел обезбедија сигурна предност со погодоците на Муса Диаби во 11 минута и на Лукас Аларио осум минути подоцна, а конечниот резултат го постави Карим Белараби во 58 минута.
Во финалето на 4-ти јули во Берлин, Баер ќе игра против попбедникот од мечот меѓу последните два освојувачи на купот, бранителот на титулата Баерн од Минхен и Ајнтрахт од Франкфурт кој се игра во среда.
За Баер ова ќе биде четврт настап во финалето на националниот куп во клупската историја, и досега има освоена една титула во 1993 година, додека во 2002 и 2009 година беше позарен во завршницата од Шалке 04 односно Вередер.