
Регионалниот суд во Салцбург го прогласи виновен во вторникот 71-годишниот пензиониран полковник на австриската армија Мартин М. За виновен за издавање државни тајни и намерно откривање воени тајни во полза на Русија, изрекувајќи му казна од три години затвор, потврди за медиумите портпаролот на судот Петер Егер.
На осудениот офицер му бил пресметан престојот во предистражниот притвор и бил пуштен на слобода до издржувањето на казната, соопштил неговиот адвокат. Според неговиот адвокат, обвинетиот офицер не се смета виновен и тврдел дека не предавал никакви државни тајни,
Според судот, претходната мерка притвор кој веќе ја издржувал се пресметува во казната. Исто така, според пресудата, осудениот по издржувањето на половина од изречената казна може да биде ослободен со одредување условна казна.
„Пресудата не е правосилна, бранителот изјави дека нема да ја обжали, а обвинителството сѐ уште не излегпл со изјава“, додал портпаролот Егер. Прецизирал дека на крајот од судскиот процес била проверена законитоста на одредениот притвор, по што судот одлучил поранешниот офицер да го ослободи од притворот поради немање основа за тоа.
Обвинителството на Салцбург во ноември ланската 2019 година го обвини поранешниот полковник на австриската армија за шпионажа во полза на Русија. Обвинението беше подигнато по истрагата на австриската агенција за заштита на уставот и борба против тероризмот при полициската управа на Салцбург. Според обвинителството, поранешниот полковник најмалку 25 години се занимавал со разузнавачки активности за руското воено разузнавање ГРУ, при што предавал државни и воени тајни на австриската држава.
Обвинението го товареше полковникот дека шпионирал за руското воено разузнавање од 1993 година и на својот офицер водач му предавал информации за воениот спектар на австриските воени сили, особено за системите и задачите на копнените и воздухопловните сили. Полковникот бил притворен од крајот на ноември 2018-та, поради стравување на истрагата дека може да го повтори делото.
Австрски канцелар Себастијан Курц пред две години потврди за медиумите дека пензиониран полковник е осомничен за шпионски активности во полза на Русија, кои ги вршел во периодот од 1992 до 2018 година. Претседателот Александер Ван дер Белен тогаш порача дека случајот не треба да се драматизира, по што Курц рече дека Виена одржува дијалог со Москва, но оти сомневањата и случаите на руско шпионирање секогаш ќе бидат критикувани.
Австриските власти минатата 2018 година објавија дека истражуваат пензиониран полковник на австриската војска кој е осомничен дека повеќе од две децении предавал доверливи информации за воздухопловните сили, арилериските системи, за високи функционери и мигрантската криза, за што добил 300.000 евра.
Во тој период односите меѓу Австрија и Русија беа невообичаено за двете земји заладени, особено откако австриското министерство за внатрешни работи објави потерница по Русинот Игор Зајцев, кој е осомничен за тајни активности во полза на руската Глава разузнавачка управа (ГРУ). Според Виена, 65-годишниот Зајцев е офицер на ГРУ, кој ја раководел мрежата локални агенти. Осомничен е дека го регрутитрал сега осудениот австриски полковник, со кого првпат се сретнал во 1987 година кога го убедил да му предава државнии воени тајна.
Руското министерство за надворешни работи тогаш ги опиша како „нафрлања“ австриските обвинувања за руска шпионажа во случајот на Зајцев, и порача дека „не гледа смисла од коментар“.