
Сопственик на компанија за планирање венчавки се врзал со синџир на пакринг пред неговата осигурителната компанија во францускиот град Поатиер во знак на протест поради одбивањето на осигурувачот да му исплати надомест поради загубите предизвикани поради кризата предизвикана од коронавирусот.
Мартиал Леотар, директор на компанијата „ Les Ducs de Richelieu“ за медиумите изјави дека команијата во која е осигурен „ La Mutuelle de Poitiers Assurance“ одбива да му исплати недомест, бидејќи Covid-19 е пандемија, а не епидемија којашто ја покрива осигурувањето.
Леотар, кој крај себе истакна плакат со натписот „Смрт на малите претпријатија“, изјави дека размислува да започне штрајк со глад.
„Од април ги губиме пригодите, Нема да успееме, ќе умреме“, изјавил Леотар за Reuters.
Осигурителната компанија вели дека според осигурителната полиса, компанијата на Леотар не може да добие компензација.
„Ризикот од пандемија не е осигурен со оваа полиса. Нашите услови во договорот се јасни“, рекол за агенцијата Стефан Десер, извршен директор на осигурителната компанија.