
Зоран Заев и Нина Ангеловска вршат класичен предизборен поткуп со таканаречената платежна картичка, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Јавноста не знае по кој критериуми ќе бидат делени картичките, ниту кој ќе одлучува кој да добие кој не. Се остава широк простор за манипулација и класичен поткуп на граѓани пред избори. Наместо таканаречени социјални мерки Владата требаше реално да ги помогне стопанствениците и работниците со покривање на дел од плата како што предлагаше ВМРО-ДПМНЕ. Мерките на Владата се задоцнети и не се никаква помош. ВМРО-ДПМНЕ апелира наместо на поткуп власта во оваа време што и остана да се насочи на санирање на штетите од кризата за фирмите и за работниците. Мерките за стопанството треба да важат и за јули и за август. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“, наведено е во партиското соопштение.