
За само 25 дена по денот со рекорден број новозаразени и починати од коронавирусот, Македонија треба да оди на избори, според одлуката да се направи измена во Уредбата за изборниот процес, којашто во средата вечерта ја донела Владата на техничкиот премиер Оливер Спасовски, што очигледно е исполнување на безобѕирните желби на неговиот партиски лидер Зоран Заев.
Во штурото соопштение од Илинденска бр. 2 се вели: „На денешната седница Владата усвои дополнување на уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес со која се задолжува МВР во рок од еден ден да ги достави листите на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или пасош како и листата на државјани кои ќе направат 18 години до денот на изборите или 22 дена по завршувањето на вонредната состојба“.
За оваа одлука гласале сите членови на владата со исклучок на техничкот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
Со оваа одлука ДИК се задолжува да ги преземе сите неопходни активности за подготовка на изборниот процес согласно изборниот законик. Со истата одлука Министерството за здравство се задолжува да ги обезбеди сите неопходни средства за заштита за членовите на избирачките тела.
Доколку вонредната состојба не биде продолжена по нејзиното истекување во недела на 14-ти јуни, согласно оваа одлука изборите ќе се одржат на 5-ти јули.
Согласно уредбата, основните судови и Управата за водење на матичните книги, во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, се должни да ги достават до Државната изборна комисија податоците за граѓаните, заклучно со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.
Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, Државната изборна комисија и Државниот завод за статистика се должни да ги продолжат дејствијата за ажирурање на избирачкиот список прекинати на 21-ви март 2020 , согласно оваа уредба и согласно Изборниот законик.
Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, Државната изборна комисија е должна да ги преземе и изврши сите неопходни технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик.
Со оваа уредба Министерството за здравство, е должно, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, за потребите на изборите, а по добиени податоци од Државната изборна комисија, да обезбеди заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место.
Доколку вонредната состојба не биде продолжена по нејзиното истекување, согласно оваа одлука изборите ќе се одржат на 5-ти јули, како што и претходно во средата инсистираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повтори својот став одложените предвремени парламентарни избори да се одржат откако ситуацијата со епидемијата на Covid-19 во земјата ќе биде ставена под контрола. Опозицијата оценува дека Заев брза со одржување на изборите, и покрај новиот зголемен број новозаразени на дневно ниво речиси цела седмица, во желбата да ги ублажи својот веројатен изборен пораз.
Претходно во средата, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, за Алфа телевизија рече дека не може да се зборува за 5-ти јули или друг термин без прочистен Избирачки список и без највисокиот изборен орган да има доволно време да ги спроведе изборните дејствија.
„Мојот став е идентичен во континуитет. За изборните дејствија се потребни 35 до 50 дена без разлика дали зборуваме за 5-ти јули или друг термин. За 22 дена тоа е невозможно. Избирачкиот список мора од почеток да се преработи. Датумот за избори не се определува со уредба со законска сила. Тоа треба да го определи претседателот на собрание со решение без разлика дали е резултат на лидерите на партиите. Ако пред завршувањето на вонредната состојба биде одреден датум кој за неколку дена варира од минималните 35 дена ДИК ќе се потруди да ги исполни сите задачи, но нема да може да гарантира дека се е спроведено според прописите“, истакна Деркоски.
Во средата вечерта комесарот на ЕУ за проширување, Оливер Вархеји, по телефонските раговори со Заев и Мицкоски, на својот профил Twitter објави дека треба да се земе предвид ситуацијата со коронавирусот, што значи дека не може да се одреди фиксен датум за истите, туку датумот треба да се усогласи според околностите.
Тоа значи дека Македонија треба да ја согледа реалната состојба, а тоа е драстично зголемен број на заразени и жртви, па изборите не можат да бидат приоритет.
Вархеји ја потенцира важноста од тоа изборите да бидат инклузивни, односно тоа да не бидат избори без учество на опозицијата
Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, Државната изборна комисија и Државниот завод за статистика се должни да ги продолжат дејствијата за ажирурање на избирачкиот список прекинати на 21-ви март, согласно оваа уредба и согласно Изборниот законик.
Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, Државната изборна комисија е должна да ги превземе и изврши сите неопходни технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик.
Со оваа уредба Министерството за здравство, е должно, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, за потребите на изборите, а по добиени податоци од Државната изборна комисија, да обезбеди заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место.