Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници

Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со ковид-19. На нив им следува 40 отсто од последната основна нето-плата, напиша денеска на својот профил на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

„Како што ветивме, никој нема да биде заборавен. Тука се вклучени вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од ковид-19“, наведува Филипче.